Биографија
Роден на 10 март 1951 година во Скопје, тој е македонски новинар, уредник, писател, поет и автор со повеќедецениска кариера во радиото и телевизијата.
Повеќе од 40 години професионално медиумско искуство во РТС-Скопје / Радио Скопје-Втора програма на Македонско радио (Радио Херц) / Радио Скопје - прва програма (спортска и информативна редакција) - денешно МРТВ и Радио Гром, каде беше сопственик. Работел и за ТВ „Алфа“ / утринска програма. На разни функции - од новинар и водител до главен и одговорен уредник и генерален менаџер.
Автор е на бројни радио емисии и аудиопроекти, меѓу кои „Паноптикум“, „Радио Урнебес“, „Медијатор“, „Лирско ехо“, „Авантура на опстојот“ и „Јазикот е мојата татковина“, а реализирал и 25-часовен соло радио маратон. Коавтор е, заедно со Милош Линдро и Данило Коцевски, на книжевниот манифест „На чекор од говорот“, објавен во „Разгледи“ во 1980 година, а во книжевната периодика објавувал поезија, проза, критика, есеи, хумор и сатира.
Зад себе има повеќе од 160 создадени, досега необјавени книги, како и студијата „Аспекти на модерното радио – радио на современата модерност“.
Неговата долгогодишна авторска и новинарска работа денес продолжува преку „Паноптикум“, проект што произлегува од истоимената радио емисија и го обединува неговото книжевно, новинарско и енциклопедиско наследство.