Безбели, на небо ветер фрла длабок здив
Опис
„Безбели, на небо ветер фрла длабок здив“ е поетска книга за човекот исправен пред времето, минливоста, осамата и сопствениот молк. Низ мотивите на каменот, коренот, земјата, огнот, ветерот и здивот, Љупчо Димитровски гради силна, исповедна поезија за опстојувањето, загубата, љубовта и прашањето што останува од нас по заминувањето.