Прескокнете до главната содржина
Олкунѕа двостишија за тебе

Олкунѕа двостишија за тебе

Двостишија

од Љупчо Димитровски

Купете ја книгата за пристапОваа книга е достапна за читање со поединечно купување.
За публикацијата

Опис

„Олкунѕа двостишија за тебе“ од Љупчо Димитровски е поетска збирка составена од 500 самостојни двостишија - кратки, згуснати песни во кои само два стиха отвораат цел свет од мисли, слики и чувства.

Авторот го определува двостишието како посебна поетска форма, различна од класичниот дистих: секое двостишие е целосна песна, без задолжителна рима и строга метрика, но со нагласена јадровитост, интонација и прецизност на зборот. Низ книгата се допираат љубовта и самотијата, времето и староста, нежноста и болката, достоинството, слободата, надежта, минливоста и творечкиот неспокој.

„Олкунѕа двостишија за тебе“ е првата збирка од поширок авторски циклус посветен на двостишието, но истовремено е целосна и самостојна книга — сведоштво за поезија што со малку зборови настојува да каже многу. 

Задна корица: Олкунѕа двостишија за тебе
Задна корица