Прескокнете до главната содржина
Скопје 63/63

Скопје 63/63

од Иван Џепароски

Бесплатно за сите со Panoptikum.mk профилНе е потребно плаќање. Најавете се или креирајте профил за да ја читате публикацијата.
За публикацијата

Опис

ГРАД, ЗЕМЈОТРЕС, ПОЕЗИЈА 
Ова лето се навршуваат 63 години од земјотресот кој се случи на 26 јули 1963 година во Скопје. Оттаму доаѓа и насловот на оваа, според својот обем, не премногу голема антологија: Скопје 63/63. Природната стихија која го зафати тогаш нашиот град веќе одамна е зад нас, но сеќавањата за траумите што беа присутни меѓу жителите на нашиот град, но и на целата наша потесна и поширока заедница, за некои сведоци на овие настани, како сè уште да се свежи.
Тоа јулско лето кога се случи земјотресот и самиот бев во Скопје, имав пет години, но сè уште живо се сеќавам на тие трагични настани кои ги доживеав заедно со моите родители во куќата во Дебар Маало, блиску до Градскиот парк. За тоа каква беше атмосферата тогаш и како луѓето ја доживуваа оваа трагедија, веројатно најдобро говори силно вдахновениот и емпатичен текст на нашиот книжевен великан Ацо Шопов, и токму затоа овој текст под едноставниот наслов „Во пет и седумнаесет“ доаѓа на самиот почеток, како вовед кон малава поетска антологија посветена на Скопскиот земјотрес. Во неа, во два циклуса – „Историја, урнатина, тажачка“ (со пет песни) и „Скопје, 26 јули 1963“ (со единаесет песни) – се донесуваат на увид шеснаесетте песни на петнаесеттемина застапени автори посветени на Скопскиот земјотрес. Од нив четворица (Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ и Иван Џепароски) се и родени во Скопје. На тој начин, тие и денес нè потсетуваат на моќта на поезијата и на книжевноста во целина – која може да помогне во закрепнувањата од доживеаните трауми, но и да покаже дека емпатијата и солидарноста во ваквите тешки и трагични настани се повеќе од потребни.