Прескокнете до главната содржина
Кочо Рацин
Автор

Кочо Рацин

Македонија · 1 публикација

Биографија

Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин (Велес, 22 декември 1908 — Лопушник, 13 јуни 1943 ) — македонски книжевник и комунист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Самобор, 1939) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.

Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова - Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зел од неговата втора љубов - Невенка Вуиќ.

Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен. Посмртните останки на поетот денес се наоѓаат во Спомен-костурницата во Велес, каде се наоѓаат и посмртните останки од неговите загинати соборци и другари. Повеќе пати до денес се предложила и разгледала идејата Кочо Рацин да биде погребан во засебен гроб во центарот на Велес. Идејата била прифатлива за семејството Солеви и градоначалникот на Велес, но не и од Сојузот на борци на Велес.

Повеќе на Википедија
[https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%87%D0%BE_%D0%A0%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BD]

Публикации

Публикации во Паноптикум